Одберете јазик: mk | en
 

Домашно јајце

Главна дејност на Живинарската фарма - Гевгелија е производство на конзумни јајца од брендот „Домашно јајце“.


Производствен процес

Производственот процес во компанијата започнува од денот на увозот на еднодневните пилиња, а продолжува со нивното одгледување и грижа преку најсовремени начини на работа и изготвувањето на најдобрата храна, базирана на рецептурите на искусните ветеринарни доктори, кои стојат на раполагање 24/7.

Добиточна храна

Храната за живината се изготвува во Фабрика за добиточна храна (на 1300 м оддалеченост од живинарската фарма), во сопственост на друштвото, со капацитет од 100 тони дневно, која покрај за сопствените потреби произведува и добиточна храна за сите видови на животни, која се продава на големо и мало.


По процесот на одгледување на еднодневните пилиња во кокошки несилки, истите се преместувааат во соодветни капацитети каде се произведува квалитетното конзумно јајце од брендот „Домашно јајце“.

И покрај тоа што во процесот на производство се користат HACCP стандардите, крајниот производ се испитува во лабораториите на Ветеринарниот Факултет Скопје, за потврдување на неговата безбедност за исхрана. По производството на „Домашното јајце“ продажбата и дистрибуцијата на истото се препушта во рацете на искусниот економски и правен тим, кој во симбиотски процес со дистрибутерите и клиентите го донесуваат финалниот производ до трпезите на секој потрошувач.

 

Големина & Пакување

Свежите конзумни јајца од брендот „Домашно јајце“ се произведуваат во класа по маса:

  • XL (extra-large) > 75 gr
  • L (large) 65 – 75 gr
  • M (medium) 55 – 65 gr
  • S (small) < 55 gr

A се достапни во неколку пакувања, и тоа следниве:

  • 30/1 eggs
  • 15/1 eggs
  • 10/1 eggs
  • 9/1 eggs
  • 6/1 eggs