Одберете јазик: mk | en
 

Информации за јајцето

Во последните неколку години постојат бројни истражувања кои почнаа да го менуваат мислењето на јавноста дека јајцата не се здрави, и докажуваат дека всушност едно јајце на ден придонесува кон подобар ден и подобар живот. Јајцата се ефтини, во однос на другите храни; содржат многу важни витамини кои се битни за одржување на мозокот; содржат важни антиоксиданси, лутеин и заксин кои се важни за добар вид и одржување на очите во здрава состојба.

Прочитај повеќе...

Прочитај повеќе...

Прочитај повеќе...


7 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

  • Мајката кокошка го превртува нејзиното јајце околу 50 пати дневно, со цел жолчката да не се залепи за лушпата.

  • Просечната кокошка произведува околу 300 јајца годишно. Започнувајќи на возраст од 19 недели, таа останува продуктивна во текот на 12 месеци.

  • Како што старее кокошката, произведува поголеми јајца.

  • Јајцата со бела лушпа се производ на кокошки на кои долниот месест дел од увото им е бел и имаат бели пердуви. Кокошките на кои овие два дела од телото им се црвени, несат јајца со кафеава лушпа.

  • Бојата на јајцето не е сврзана по никаков начин со квалитетот или вкусот. Не постои разлика во хранителните состојки на јајцата со различна боја на лушпата.

 
ЕДНО ЈАЈЦЕ НА ДЕН Е О.К.


Јајцата содржат варијабилни/различни количини на витамини и минерали, а поголем дел од тие нутритивни вредности можат да се најдат во жолчката.
Тоа може да се види визуелно во следната табела:

sample
Кликнете за детални информации
  • Најголемото јајце кое се појавило во светот имало 5 жолчки. Многу честа појава се јајцата со 2 жолчки. Тие се резултат на многу брза овулација и најчесто се продукција или на многу млади кокошки или на кокошки кои се кон крајот на нивниот продуктивен период.

  • Кина е најголем производител на јајца – околу 160 милијарди годишно. Во САД, 260 милиони кокошки произведуваат околу 65 милијарди јајца годишно.