Живинарска фарма за производство на јајца
Живинарска Фарма Гевгелија е производител на конзумните јајца од брендот „Домашно јајце“, снесени од домашно негуваните кокошки хранети со сопствено произведена храна!
-
Еколошки »
Грижа за животната средина
Создаваме здрав екосистем преку креирање на комплетно затворен биолошки круг – користење на отворените површини за производство на суровини, употреба на суровините за производство на храна, употреба на храната за исхрана на кокошките, употреба на нуспроизводите за наѓубрување на отворените површини.
-
Достапни! »
Во секој момент
Отворени сме за дискусија, заинтересирани за сите новини и расположени за соработка во секое време.
-
Сатисфакција »
За секој корисник
Наша најголема и врвна цел е обезбедување задоволство кај сите Вас – потрошувачи, добавувачи, соработници и останати заинтересирани страни. Се надеваме дека со нашиот производ успеваме во тоа.
-
Квалитет »
Наш заштитен знак!
Квалитетот на нашиот производ го обезбедуваме преку примена на HACCP стандардите во производството и дистрибуцијата на „Домашното јајце“ од фармата до крајниот купувач. Дополнително, вршиме континуриани анализи во Факултетот за Ветеринарна Медицина – Скопје, за да ја потврдиме безбедноста на нашиот производ за исхрана.
-
Поволни цени »
Секогаш поволни!
Интерес ни е да им обезбедиме на нашите потрошувачи цена која соодветствува со квалитетот на нашиот производ, односно најдобриот квалитет по најповолни цени.
Искуство »
Стекнато низ долгогодишната работа
Со живинарство се занимаваме во континуитет од 1990 година и имаме акумулирано долгогодишно искуство во оваа индустрија, кое го насочуваме кон подобрување на нашиот производ.
Домашно си е домашно !