Одберете јазик: mk | en
 

За нас

ДПТУ ВЕТЕРИНАР ДОО експорт – импорт Гевгелија, Живинарска Фарма - Гевгелија е компанија основана со 100% домашен капитал, која во континуитет работи од 1990 година, постојано надградувајќи ја својата главна дејност - производство на свежите конзумни јајца од нашироко познатиот бренд „Домашно јајце“.


Цел

Задоволување на потребите на нашите потрошувачи, преку создавање на производ со врвен и постојан квалитет, секогаш достапен по поволни цени и дистрибуиран во најкраток можен рок до место по Ваш избор.

Тим

За остварување на овие и други секојдневни и долгорочни задачи се грижи производствениот, економски и правен тим, составен од дипломирани агрономи, ветеринари, економисти, правници итн., кој е 24/7 достапен за своите потрошувачи, доставувачи и сите останати заинтересирани страни.

Технологија

Со секој нов ден оваа компанија се стреми кон повисоки цели и спроведување на нови технологии кои ќе го потпомогнат процесот на производство и ќе придонесат кон создавање на уште поквалитетен производ. Резултат на ова е воведувањето на HACCP стандардите и секојдневното инвестирање во нивното подобрување.